Пожар во фабрика во Штип, повредени се две лица

Макфакс

19/08/2022

19:22

2.712

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“, во рамки на Технолошко индустриска развојна зона – Штип, пришто повредени се две лица кои се хоспитализирани.

Kaко што информираа од Центарот за управување со кризи, штипските пожарникари во периодот од 10,10 до 11,15 часот имале интервенција на запалена печка и кровна конструкција во фабриката.

Пожарот е локализиран. Во гаснењето учествувале 4 пожарникари со 2 противпожарни возила.

Матреијалната штета дополнително ќе се утврдува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг