(Фото) Тешка сообраќајна несреќа на „Водњанска“: Повредени четворица малолетници - се забиле во канделабра, па во бетонска жардињера

Нетпрес

19/08/2022

11:22

12.331

Големина на фонт

а а а

Четворица малолетници се тешко повредени откако рано утринава со автомобил влетале најпрво во метална канделабра, па во бетонска жардињера на „Водњанска“.

Од МВР за Курир велат дека несреќата кај нив е пријавена утринава во 04.20 часот.

- На крстосницата од бул.“Мајка Тереза“, со ул.“Тодор Александров“ и ул.“Белградска“ патничко моторно возило “форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“ и Комплексот клиники “Мајка Тереза“, велат од МВР.

Неофицијално, возачот имал 15 години.


Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг