(Видео) Научниците прицврстиле GoPro камера на група делфини и снимиле нешто застрашувачко

Точка

18/08/2022

16:08

23.570

Големина на фонт

а а а

Научниците сакале да дознаат како делфините ловат и се хранат. Добиле многу повеќе одговори отколку што очекувале.

Ризикувајќи прерано да ја доделиме титулата, мислиме дека веќе ја пронајдовме најчудната студија објавена во 2022 година.

Научниците зацврстиле GoPro камера на тела од шест делфини кои ги обучувала американската морнарица и снимиле како ловат храна и го јадат својот плен.


Според студијата, тие сакале да дознаат повеќе за тоа како овие цицачи ловат храна и ја јадат.

Научниците претходно изнеле две спротивставени претпоставки за тоа како делфините се хранат. Сметале дека овие цицачи го бркаат пленот, односно пливаат побрзо од него и го грабат или пак имаат т.н. механизам на „вшмукување на храната“, при што овие предатори го мрдаат јазикот и го шират грлото за да создадат негативен притисок и така да го зграбат пленот.

Авторите на студијата која била објавена вчера во магазинот „PLoS ONE“, одлучиле да утврдат кој метод делфините го користат за хранење.


„Звукот и видеото заедно никогаш не се користени за набљудување на однесувањето на делфините“, напишале авторите на студијата.

„Звуците продолжува откако делфинот ќе го улови пленот, манипулира со него и го голта. Доколку рибата побегне, делфинот продолжува со потерата и потоа се слушаат низа чудни крици. Во текот на самото фаќање на рибата, вилицата им се шири и се гледаат сите заби. Грлото се шири кон надвор. Рибите ќе се обидат да побегнат дури и кога се во устата на делфинот, но секогаш се чинеше како делфинот да ги вшмукува“.


Камерите биле така поставени што научниците имале увид на очите и бочната страна од делфините. Ова не се животни од бајките, туку застрашувачки предатори кои очигледно ги возбудува потерата по пленот.

Научниците велат дека секогаш било очигледно кога делфините ќе ја идентификуваат својата наредна мета – животните побрзо пливале, па дури и отчукувањата на нивните срца се слушале на видеото.

Научниците откриле дека делфините главно го вшмукуваат својот плен, така што нивната студија била успешна по тоа прашање.


GoPro камерите исто така снимиле делфин којшто јаде морски змии, што никогаш претходно не било забележано:

„Забележано беше како еден делфин улови 8 морски змии. Ќе ги вшмукаше, малку ќе мрднеше со главата и ќе ги голтнеше“.

Видеото погледнете го ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг