Андерсен добил бројни смртни закани по мечот со Ливерпул

Макфакс

16/08/2022

15:45

1.405

Големина на фонт

а а а

Јоаким Андерсен и неговото семејство добиле смртни закани по инцидентот со фудбалерот на Ливерпул Дарвин Нуњез. Дефанзивецот на Кристал Палас и Дарвин Нуњез немилосрдно се бореа во текот на целиот натпревар.

Тоа кулминираше откако Андерсен го турна Нуњез, а овој потоа го дри со главата во пределот на носото. Нуњез доби црвен, а Андерсен жолт картон.

Андерсен сподели дел од крајно непријатните пораки кои ги доби на својот Инстаграм профил, ден по натпреварот.

„Во текот на ноќта добив околу 300 – 400 вакви пораки. Разбирам дека го поддржувате вашиот тим, но не би било лошо да покажете малку почит кон другите и да престанете да се преправате дека сте опасни само на интернет“, рече Андереон.

Во една од пораките што ги објави пишува дека „е… срамота“, дека е измамник… Други му напишале дека се надеваат дека авионот ќе се урне и дека ќе му умре целото семејство.

Андерсон ги повика и Инстаграм и Премиер лигата да „направат нешто“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг