Под скопското сонце има место за многу убави нешта: Колорран - нова трка на улиците од главниот град

Точка

16/08/2022

13:49

19.778

Големина на фонт

а а а

Под скопското сонце има место за многу убави нешта. Едно од нив е новата трка по скопските улици, а и по добро познатиот скопски кеј, а се вика Колорран.

Организирана од АК Корраннерс и Ист гејт мол, оваа нова трка ветува спектакуларен ден на 18.09.2022.


По повод вториот роденден на атлетскиот клуб, веќе втор пат Скопје може да ужива во трка организирана од Корраннерс. Првиот роденден го прославија на кеј, во екот на пандемијата и забраните за учество на настани, со 200 учесници, меѓу кои и наши видни елитни атлетичари, а вториот ветува дека ќе се претвори во една од најдобрите скопски "журки" што следат по успешно истрчана трка. Во соработка со Ист гејт мол, Колорран започнува пред влезот на трговскиот центар, продолжува по скопските булевари и на скопскиот кеј, но завршува со трчање низ трговскиот центар. Финиш линијата ќе ја пречекорите и ќе зачекорите на една неповторлива роденденска забава со многу награди, дегустации на храна и пијалаци, ДЈ, лотарија на вредни награди и уште еден огромен список на изненадувања.


Да трча, може секој! Без разлика на нивото на спремност и кондиција, Корраннерс за учесниците спремија дистанци за сите трчачи, а и за нетрчачите што едноставно сакаат да бидат дел од еден ваков настан. Посебно внимание им се посветува и на децата како иднината на кралицата на спортовите со ревијална трка од 500 метри, на која ќе земат учество дечиња од 2 до 12 години.

Пријавете се на Колорран! Сите сте поканети на роденден!




Спонзорирани линкови

Маркетинг