Нови детали од масакрот на Цетиње - Целосна реконструкција на злосторството: Познато кој прв се јавил во полиција и кои биле последните зборови на убиецот

Точка

15/08/2022

21:01

6.088

Големина на фонт

а а а

Од петок, 12-ти август, кога Цетиње било завиено во црно и кога настрадале 10 невини луѓе кои биле убиени од нивниот сограѓанин Вук Бориловиќ, кој потоа бил убиен, медиумите во Црна Гора но и во регионот се полни со теории за тоа како се случило ова незапаметено злосторство. Дали можело да се спречи и дали полицијата реагирала адекватно.

Црногорскиот портал "Стандард" во разговор со соговорникот од Управата на полицијата носат целосна реконструкција на ова злосторство со откривање на некои факти кои досега не биле познати.


1. Првиот повик полицијата го добила во 15:30

Пред се треба да се истакне дека полицијата, како што тврди соговорникот на "Стандард", добила прва дојава од Милош Мартиновиќ во 15:30 часот во која ги известил дека Бориловиќ му се јавил и му кажал дека му го убил семејството - двата сина и сопругата.

Бориловиќ убил 10 луѓе и ранил шестмина. Прво влегол во станот долу, каде се криеле Наташа Мартиновиќ со своите двајца синови. Прво ја застрелал маката, па потоа и децата, а потоа излегол надвор и го убивал секој што ќе го видел, секој што ќе се обидел да го вразуми. Семејството Дрецун - сопружниците Димитрија и Даница и нивниот син Рајко, во соседната куќа и на улицата сестрите Александра и Мила Радуновиќ, сограѓанинот Милан Митровиќ кај скалите и Горан Ѓуришиќ.


Убиецот ги ранил сограѓаните Славица Звицер, Филип Џурковиќ, Милева Рамадановиќ, Даринка Челебиќ и Александра Дрецун, чии татко, дедо и баба ги убил.

По дојавата на Мартиновиќ во 15:30 часот полицајците на самото место пристигнале за 3 минути, и во 15:33 часот затекнале ужасна глетка.

Некои медиуми пренесуваат изјава на очевидец кој, покажувајќи листа на својот телефон, рекол дека Мартиновиќ во полиција се јавил во 15:22 часот. Тоа е непроверена информација. Началникот на криминалистичката полиција во подгоричкото одделение за безбедност рекол дека првиот повик на бројот 122 е регистриран во 15:30 часот.


2. Полицијата пристигнува во 15:33, сите жртви се веќе починати

Важен факт во реконструкцијата на настанот е дека тој дека од моментот кога полицијата пристигнала, во 15:33 никој не страдал. Првите полицајци кои пристигнале на самото место, иако немале адекватна заштита, отвориле оган на Бориловиќ. Засега не е познато дали Бориловиќ прв пукал на полицијата или обратно, но факт е размената на оган меѓу убиецот и полицијата траела 17 минути.

За тоа време пристигнале уште полицајци кои влегле во огнена пресметка со убиецот. Од насока на полицијата биле испукани околу 20 проектили, така што Бориловиќ немал можност да го продолжи својот крвав пир, иако сите околни куќи биле полни со луѓе, а тој имал намера да оди од куќа во куќа и да ги убива. Тој дури во еден момент пукал и на возилото на Итната помош, кое пристигнало по полицијата.


3. Во 15:50 последните зборови на убиецот: „Ранет сум, нема да преживеам“

Бориловиќ во размената на оган се симнувал по скали барајќи засолниште од полицискиот оган, а во таа размена бил ранет полицаецот Љубиша Максимовиќ.

Убиецот во 15:50 часот се јавил кај пријател и го известил дека е тешко ранет, дека убил многу луѓе и дека веројатно нема да преживее. Тоа било втор телефонски повик кој го направил и тоа биле неговите последни зборови. Но, Црногорската Управа на полицијата известила дека Вук Бориловиќ направил уште еден телефонски повик додека сеел смрт низ Цетиње, и тоа наводно пред да му се јавил на Милош Мартиновиќ.

Меѓутоа, тој трет повик и натаму е мистерија со оглед на тоа дека полицијата не ја навела неговата содржина, ни точното време на повикот, како ни за кој бил упатен. Надлежните, наводно, од безбедносни причини не сакаат да соопштат со кого разговарал Бориловиќ во текот на својот крвав пир.


Од тој момент Бориловиќ не се ни видел, ниту слушнал, а полицијата без заштитна опрема не можела да оди напред, бидејќи се сомневала дека ги чека во заседа. Го чекале доаѓањето на припадниците на РТЈ, кои пристигнале за кратко време.

Противтерористичката единица на полицијата била известена нешто по 15:30.

РТЈ во рекорден рок пристигнала на Цетиње, имајќи во предвид дека морале да земат опрема, дека не биле на работа, па и колку време им било потребно да пристигнат во Цетиње.


4. Убиецот ликвидиран по 15:50, полицајците не го виделе Калуѓеровиќ

Полицајците не го виделе Ненад Калуѓеровиќ за кој се вели дека испукал куршум во Бориловиќ.

Набрзо било јасно дека убиецот е онеспособен и убиен и тогаш од околните куќи почнале да излегуваат преплашени луѓе кои се криеле во текот на крвавиот поход на убиецот.

Факт е дека од доаѓањето на полицијата во 15:33 и 15:50 кога престанало пукањето не настрадал никој, односно дека сите убиства се случиле пред тоа.

Тука треба да се додаде и истакне, а медиумите лесно минале преку тоа, дека еден од полицајците го спасил семејството Вујачиќ. Кога за медиумите сведочела Амира Вујачиќ, таа рекла дека нив ги спасил полицаец кој бил на терасата. Во куќата биле таа, нејзиниот сопруг, свекрвата и двајца внуци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг