Ново големо откритие кое ги изненади астрономите: Дали ова е најмладата планета која била некогаш пронајдена во нашата галаксија?

Точка

13/08/2022

14:47

19.207

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата оддалечена 395 светлосни години би можела да биде стара само 1,6 милиони години и да открие многу од тоа што не знаеме за формирањето на Сончевиот систем.

Користејќи Atacama Large Millimetars/submillimeter Arry за истражување на формирање на планети, астрономите првпат откриле гасови во циркупланетарниот диск.

Ова откритие укажува дека во тој дел од универзумот би можела да се наоѓа и многу млада егзопланета. Резултатите од истражувањето биле објавени во „The Astrophisical Journal Letters“.


Циркупланетарните дискови се кластери од гас, прашина и отпад околу младите планети. Тие содржат материјал којшто може да формира сателити и други помалку карпести објекти, како и да го контролираат растот на младите џиновски планети.

Проучувањето на таквите дискови може да ни даде одговори на прашањето за потеклото на нашиот Сончев систем, особено Галилеевите сателити кои кружат околу Јупитер за кои се верува дека настанале пред 4,5 милијарди години.

Додека ја проучувале AS 209, младата ѕвезда оддалечена околу 395 светлосни години од Земјата во соѕвездието Ophiucus, астрономите забележале емисија на светлина среде инаку празен простор на гас којшто ги опкружува ѕвездите.

Така го откриле циркупланетарниот диск околу планетите со големина на Јупитер што е трето такво откритие досега.


Оддалечена е повеќе од 200 астрономски единици (приближно 30 милијарди километри) од својата матична ѕвезда. Оваа оддалеченост ја доведува во прашање актуелната теорија за потеклото на планетите.

Доколку се процени дека ѕвездата е стара само 1,6 милиони години и се докаже дека тоа е точно, откриената егзопланета би можела да биде најмладата која некогаш била откриена.

Астрономите се надеваат дека набљудувањето на Џејмс Веб и натаму ќе помогне во тоа, пренесува „SciTech Daily“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг