Парада на моден невкус: Лондонска ревија обединила старлети со бујни деколтеа кои се натпреварувале која ќе покаже повеќе

Кармин

05/08/2022

18:58

8.329

Големина на фонт

а а а

Британската реалити ѕвезда Ешлин Хорган-Валас ја предводела парадата на раскошни деколтеа на модниот настан „WHSKY“ во Лондон, кој на исто место обединил бројни сопственички на бујни облини.

Ешлин која се прослави во шоуто „Big Brother“, за оваа прилика избрала црн фустан кој ги ставал нејзините адути во прв план, а на настанот се појавила со широка насмевка иако пред само неколку дена објави тажна вест.


Имено, како што пренесува „Daily Mail“, Ешлин претходно оваа недела доживеала спонтан абортус, што и самата открила на Инстаграм, а тоа било дури петти пат таа да го загуби бебето.


„Сите знаат дека веќе сум поминала низ ова. Но, никогаш не сум била возбудена и среќна поради бебе како сега. Боли секој пат, но овојпат многу повеќе“, напишала на Инстаграм.

Реалити ѕвездата го крие својот партнер од јавноста, но истакнала дека и тој тешко се справува со загубата.

Освен Ешлин, на настанот се појавиле уште неколку сопственички на раскошни деколтеа кои делувале како да се натпреваруваат која ќе покаже повеќе, а нивните модни комбинации критичарите ги опишале како пример за невкус и непознавање на модните правила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk