Додека била топ-модел била силувана и принудувана на ужасни работи, по 35 години проговорила за морничавите моменти кои ги доживеала во модната индустрија

Кармин

04/08/2022

23:27

17.157

Големина на фонт

а а а

Поранешната сопруга на Мики Рурк и супермодел Кери Сутон (53), минатата година обелоденила дека Џералд Мари, инаку европски шеф на „Elite Model Management“, ја силувал кога имала само 17 години во нејзиниот стан во Париз. И, не само тоа...

Дури по 35 години манекенката собрала сила да раскаже сè и да го пријави насилникот.

Имено, Мари (71), покрај тоа што и сам ја злоупотребувал сексуално, подоцна Сутон ја продавал на богати мажи ширум светот.


Кери ја отворила душата и опишала како првиот пат го доживеала силувањето од Џералд, додека лежела во неговиот стан болна, со температура. А, во тој момент неговата вереница Линда Еванџелиста била на патување.

Мари, исто така ѝ давал на Сутон шишиња со кокаин „под претпоставка дека тоа ќе ѝ овозможи да ослабне за да стане поуспешен модел“, се наведува во обвинението кое Кери го поднела против него.


Една од успешните манекенки успеала да му каже „не“ на Џералд, шест месеци по започнувањето на злоставувањето. За возврат, веднаш ја исфрлил од својот стан, пренесува „The Guardian“.

Дури девет поранешни модели, меѓу кои и Кери, сведочеле какви ужаси доживеале во периодот од почеток на 80-те години до почетокот на 90-те години.


Тој им ветувал прекрасна кариера на модните писти, а сето тоа се претворило во понижувања, трауми, со чии последици жените се соочуваат и денес.

Во тој период „Elite Models“ ја започнале кариерата манекенки како што се: Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Линда Еванџелист...



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk