Што се случува на медениот месец на Бен и Џенифер? Нивниот израз на лицето говори сѐ

Кармин

29/07/2022

15:14

15.129

Големина на фонт

а а а

Бен Афлек и Џенифер Лопез деновите ги поминуваат во Париз, кој во оваа прилика им послужил како место за нивниот меден месец.

Имено, на повеќето фотографии тој е намуртен и тоа негово (не)расположение не може да го сокрие ниту Џенифер, која се обидува да се насмее додека шетаат. Но, и неа папараците ја уловиле со чуден израз на лицето.


За време на романтичното возење со брод, друштво на новопечените младенци им правеле нивните деца, близнаците Макс и Ема на Џенифер и децата на Бен од првиот брак, Виолет и Срафина.


Џеј Ло се обидувала да изгледа среќно и задоволно, додека Бен е фотографиран како спие на столче.

Џенифер се трудела да се смее, но изгледа дека неговото лошо расположение се префрлило и на неа, па и таа на повеќето фотографии нема баш среќен израз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk