Убавата русокоса стана најплатената актерка во Холивуд, откриен нејзиниот хонорар

Кармин

22/07/2022

21:49

16.228

Големина на фонт

а а а

Талентираната 32-годишна Австралијка Марго Роби официјално стана најдобро платената актерка во Холивуд за 2022 година.

Марго го зазеде првото место благодарение на хонорарот за филмот „Barbie“ на режисерката Грета Гервиг.

Според пишувањата на „Variety“, на австралиската актерка ѝ било платено неверојатни 12,5 милиони американски долари да глуми со Рајан Гослинг во овој долгоочекуван филм настанат по истоимената култна кукла. Последната заработка на Роби го надмина нејзиниот претходен хонорар од 10 милиони долари за блокбастерот „Birds of Prey“ од 2020 година во кој го глумеше ликот на Харли Квин.


Гослинг, наводно, заработил иста плата како неговата колешка, па двајцата се изедначија на 16-то место на најновата листа на „Variety“ за највисоки заработувачки во Холивуд. 

Според оваа листа, втора најдобро платена актерка е Мили Боби Браун која оствари хонорар од 10 милиони долари за главната улога во „Enola Holmes 2“.


Првото место на листата го држи Том Круз благодарение на својот нов хит „Top Gun: Maverick“. Се очекува Круз, кој не е само ѕвезда на ова продолжение на култниот филм туку и негов продуцент, да заработи повеќе од неверојатни 100 милиони долари од влезници, плата и приходи од стриминг на филмот.

„Barbie“, која е првата играна филмска адаптација на приказната за култната кукла, во кината треба да стигне во јули 2023 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk