(Фото) Актерката Лејк Бел во солзи го напуштила холивудското друштво на јахта – Крис Рок ја тешел

Кармин

19/07/2022

22:49

14.734

Големина на фонт

а а а

Актерката Лејк Бел во еден момент во солзи истрчала на палубата оставајќи го холивудското друштво на јахтата, а Крис Рок дошол да ја утеши.

Актерката наеднаш се издвоила од елитното друштво и отишла да плаче, а нејзиниот партнер не можел така да ја гледа, па веднаш потрчал по неа.


Пред тоа, парот очигледно имал сериозни разговори со екипата. Лејк била намуртена, а Крис загрижено ја држел раката на устата.

Холивудската актерска елита одмора на Јадранот на луксузна јахта.


Крис Рок и неговата нова девојка, актерката Лејк Бел, ја потврдија врската во Хрватска за време на романтичната прошетка во Трогир. Сега се фатени како безгрижно уживаат во друштво на пријатели.


По вечерите во Сплит, деновите ги поминуваат на јахта во друштво на Вуди Харелсон и неговата сопруга Лора Луи, Саша Барон Коен, Ларс Улрих и неговата сопруга, познатата манекенка Џесика Милер.

Холивудските комичари и актери се познати по заедничкиот одмор од 2018 година, од кога редовно одмораат заедно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk