Се очекува рекордна цена за најмоќниот „iPhone 14 Pro Max“ – еве колку би можело да достигне истата

Точка

05/07/2022

18:15

47.797

Големина на фонт

а а а

Популарен дојавувач објавил некои информации за „iPhone 14“ серијата, вклучувајќи ја и цената на новите модели.

Објавени се информации за моделите „Apple iPhone 14“, „iPhone 14 Plus/Max“, „iPhone 14 Pro“ и „iPhone 14 Pro Max“, со главните спецификации, но и можните цени на овие модели.

Дојавувачот @TheGalox, истакнува дека „iPhone 14“ и „iPhone 14 Plus“ ќе чинат 799 и 899 американски долари, додека пак „iPhone 14 Pro“ ќе има цена од 1.099 долари. Најскап ќе биде „iPhone 14 Pro Max“ којшто е и најмоќниот модел во понудата и во својата основна верзија ќе чини 1.199 долари.

Доколку спомнатите цени се докажат како точни би можело да се случи фановите на „Apple“ телефоните за „iPhone 14 Pro Max“ со 1TB складишен простор да мора да издвојат и до 1.699 долари.

Ова се поклопува со актуелната стратегија на компанијата од Купертино која наплаќа дополнителни 500 долари за „iPhone 13 Pro Max“, доколку корисникот сака 1TB складишен простор. Основната верзија на телефонот ќе чини 1.099 долари.

Со потенцијалната цена од 1.699 долари, „iPhone 14 Pro Max“ со 1TB простор би бил најскапиот „Apple iPhone“ којшто некогаш бил произведен (не вклучувајќи ја специјалната едиција и приспособување на уредите“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг