Сакате перфектна линија? Познатата старлета ги откри триковите кои ѝ помагаат да изгледа совршено!

Кармин

02/07/2022

23:51

9.448

Големина на фонт

а а а

Иако веќе има 43 години, познатата старлета Кортна Кардашијан изгледа фантастично и тоа благодарение на беспрекорниот начин на живот.

Кортни ги открива своите правила, кои ги следи без исклучок, со цел да ги задржи совршените облини и младешкиот изглед и во 40-тите години.

Посебен режим на исхрана

Кортни со години е на кето диета, а за неа јаглехидратите се нешто што е забранета зона. Речиси воопшто не јаде млечни производи, целосно го исфрлила глутенот од исхраната, а речиси сè што јаде е од органско потекло.

Една од нејзините главни намирници е јаболковиот оцет кој го забрзува метаболизмот и го чисти телото од токсини, а храната која речиси секојдневно ја има на нејзиното мени се овесната каша и авокадото.

Секако, за да ги надомести сите недостатоци на витамини и минерали, кои не ги добива преку исхраната, користи многу суплементи, кои пред сè содржат многу антиоксиданси, колаген, како и хијалуронска киселина.

Задолжителен секојдневен тренинг

Кортни верува дека ниту еден третман не може да го направи за вашето тело она што може да го направи секојдневното вежбање.

Кортни вежба со помош на нејзината фитнес инструкторка Аманда Ли, со која, исто како и Ким, вежба кружен HIIT тренинг чија цел е топење на маснотиите и обликување на телото.

Кортни претпочита тренинзи кои го вклучуваат целото тело, а особено ужива во боксот и скокање на јаже.

Кортни смета дека клучот за успехот е во стекнувањето здрави навики, а за тоа ви треба само силна волја и упорност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk