Поранешната љубов на Џони Деп ја отворила душата: „По раскинувањето со него животот ми стана пекол“

Кармин

29/06/2022

17:46

8.782

Големина на фонт

а а а

Винона Рајдер во интервју кое го дала за „Harper’s Bazaar“, раскажала дека во раните 90-ти години, по раскинувањето со Џони Деп, животот ѝ бил помрачен од кога и да е.

„Тоа беше моја прекината младост во реалниот живот“, признала актерката поврзувајќи го своето искуство со филмот за младата жена на лекување во психијатриска болница.

Таа се присетила и дека во филмот „Куќа на духови“ од 1993 година, глумела жена која ја мачат во еден чилеански затвор.

„Ги гледав тие лажни рани на лицето и помислував: Дали и кон таа девојка би се однесувале како што сега се однесуваш кон себе? Едноставно не се грижев доволно за себе“, додала актерката.

Таа споменала и дека Мишел Фајфер, со која глумела во филмот „Доба на невиноста“ ѝ дала голема поддршка кога ѝ било многу тешко и ја потсетила дека сè што е загрижувачки околу реалноста со текот на времето ќе избледне и дека животот повторно ќе стане нормален.

Споменала и дека ѝ било многу тешко во текот на 2001 година кога била уапсена поради кражба во продавница во Беверли Хилс.

Подоцна објаснила дека ја скршила раката, дека била под дејство на прејаки аналгетици поради што била дезориентирана, но таблоидите од сето тоа направиле скандал.

Рајдер споменала дека своето закрепнување од тешката психичка состојба го должи на неверојатната терапевтка која ја охрабрила да биде нежна кон младата верзија од себе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk