„Силувана сум како тинејџерка, а кога забременив одлучив да абортирам поради една причина“: Ќерката на Алек Болдвин јавно проговори за пеколот низ којшто поминувала

Кармин

28/06/2022

19:13

14.064

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Алек Болдвин, Ајрланд, споделила ТикТок видео во кое открила дека додека била тинејџерка била силувана, но и дека подоцна во животот имала абортус.

„Нема денеска во детали да ви раскажам што се случило, но бев силувана додека бев тинејџерка и бев целосно без свест кога тоа се случи. Тоа го промени текот на мојот живот“, ја започнала исповедта таа, па продолжила:

„Со години никому не сум му кажала за овој инцидент, освен на една медицинска сестра која ме прегледуваше. Ја чував таа тајна со години во себе, а истата нанесе многу болка во мене, но и во луѓето кои ги сакам“.

„Многу повеќе пиев, се забавував, бев во насилни и токсични врски и пријателства... Главно, правев сè што можев за да го оттргнам вниманието од тие мисли“, продолжила Ајрленд.

„Гледате толку многу други храбри жени кои ги споделуваат своите приказни, а тоа ме наведе на размислување како би изгледал мојот живот да бидам бремена и да морам да одгледувам бебе во текот на периодот низ којшто го поминував тогаш. Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка која многу од жените ја немаат“, изјавила таа во видеото.

„Подоцна во животот неочекувано забременив од своето момче, а во тоа време тој ми даде до знаење дека никогаш не сакал деца ниту пак брак. Избрав абортус затоа што знам точно какво е чувството да се родиш меѓу двајца луѓе кои се мразат“, изјавила таа, па додала:

„Се избрав себеси и повторно би се избрала себеси. Тоа е твој живот, тоа е твој избор“, заклучила таа.

Да ве потсетиме, минатата седмица американскиот Врховен суд донесе одлука дека не постои уставно право на абортус во САД. Во таа прилика, најголемите филмски, музички ѕвезди и ѕвезди од шоубизнисот на социјалните мрежи реагирале со разочараност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Жените во Америка масовно ја бришат оваа апликација, причината е загрижувачка: Како со помош на термин на менструален циклус можат да ве тужат за нелегален абортус?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk