Михајловски ги откри луѓето кои му ветиле помош за Вардар: Празни ветувања…

Дерби

27/06/2022

15:35

35.646

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски денеска одржа прес конференција на која отворено говореше за сите прашања поврзани со клубот по одлуката на ЕХФ да го остави без настап во Лигата на шампионите во наредната сезона.

„Црвено-црните“ како шампиони на Македонија очекуваа да играат во елитното натпреварување, но ЕХФ поради стари долгови се реши да го отпише двократниот европски шампион.

Михајловски откри дека оваа одлука била експресно донесена на состанокот кој траел пет минути, а потоа говореше за ситуацијата и ветувањеата за помош од држатава кои не му биле исполнети.


- Сите сме сведоци што не снајде. Прво голема почит за работата на Самсоненко кој во своите пет години водење на Вардар стигна до две титули европски првак. Човекот од свои причини се повлече, па јас како долгогодишен спонзор прифатив да се вратам и да го спасиме Вардар. Знаевме што е цел за екипата и што да се постигне. Доведовме играчи кои беа достапни, меѓутоа тоа го направивме во договор со највисоки владини, градски и држани институции.

- Јас никогаш немаше да се нафатам бидејќи знам колку можам да обезбедам. Истоа така сум свесен сум дека влетавме во лошо време за државата и за клубот, пандемија, енергетска и економска криза, сега и војната во Украина, има некое опраавдување за оние кои ми ветуваа. Добив помош – НУЛА. Верував дека тие луѓе ќе имаат своја доблест и ќе го реализираат она што го ветија. Голема благодарност до спонзорите кои ни помагаа во овие две години, спонзорите што беа крај нас во овие тешки моменти, - рече Михајло кој притоа ги издвио поранешниот претседател на Владата Зоран Заев, потоа екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и сегашниот човек на МОК, Даниел Димевски како луѓе кои ветиле помош, ветер во грб за македнската гордост, помош која никогаш не стигнала на посакуваната адреса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг