Разладете ги летните денови со неверојатната промоција на "Samsung" фрижидерите

Точка

23/06/2022

08:33

43.501

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Samsung Electronics" подготви специјална летна промоција на врвните фрижидери со промотивен попуст и петгодишна гаранција. Разладете се со освежителен пијалок или ладен десерт со некој од избраните фрижидери и уживајте во летото со полни гради!

Кога летните горештини ќе го исполнат нашиот ден, не постои ништо подобро од чаша леден напиток за вистинско уживање. Samsung Electronics подготви вистинско освежување во форма на одлична понуда на безвременските Samsung фрижидери Разладете ги летните денови со сјајната понуда на економични, а истовремено неверојатно моќни Samsung фрижидери. Изберете ја добитната комбинација со попуст до 12 000 денари и 5 години гаранција. Промоцијата ги вклучува моделите RB7300 Bespoke фрижидер, фрижидерот со две врати RF9000AC-BSC и фрижидерот RS8000NC-8.

Фрижидерот RB7300 со замрзнувач на дното се одликува со елегантен дизајн, достапен во 6 различни бои, благодарение на што вашиот фрижидер идеално ќе се вклопи во стилот на просторот во кој се наоѓа. Покрај атрактивниот и приспособлив дизајн, овој фрижидер се карактеризира и со голем број иновативни технологии како што се дигиталната инвертер технологија и функцијата No Frost која ја подобрува циркулацијата на воздухот, ја одржува истата температура и со тоа спречува формирање на мраз.


За оние кои никогаш немаат доволно простор во фрижидерот, фрижидерот со две врати RF9000AC-BSC е вистинско решение. Пространата внатрешност и двојната машина за мраз ќе се погрижат секогаш да имате доволно простор за омилените храна и пијалаци, дури и кога организирате големи забави за семејството и пријателите.

За оние на кои енергетската ефикасност и звукот на уредот им се апсолутен приоритет, елегантниот фрижидер RS8000NC-8 со SpaceMax™ технологијата е вистинскиот избор. Со импресивен капацитет од 652 литри, овој фрижидер е опремен со најсовремени технологии како што се Power Cool и Power Freezе за брзо ладење и замрзнување, додека дигиталната инвертер технологија гарантира дека фрижидерот ќе троши онолку енергија колку што му е потребно, но со многу помалку бучава.


Покрај промотивниот попуст, како дел од промоцијата имате право и на гаранција од 5 години. За го да остварите правото на 5 години гаранција, потребно е да се регистрирате на интернет-страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна до 30 дена од датумот на купување. 

Повеќе информации околу Samsung фрижидерите и актуелната промоција може да најдете на https://www.samsung.com/mk/offer/cooling-promo-2022/. Промоцијата трае од 20.6 до 17.7.2022 година или до истек на залихите.


За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com




Спонзорирани линкови

Маркетинг