Уште една модна катастрофа на Мараја Кери – го остави светот без текст

Кармин

22/06/2022

12:16

8.165

Големина на фонт

а а а

Мараја Кери има неверојатен музички талент, но не и смисла за добро облекување. Ова второто, го покажува речиси со секое појавување во јавноста.

Славната пејачка е фотографирана додека излегувала во познат хотел во Њујорк. Била многу расположена, но нејзиното модно издание им го расипало расположението на љубителите на добриот стил.

Има неколку причини за тоа: прво, мини фустан украсен со милион светки, второ, хулахопки кои само допринеле за модната катастрофа и трето, чевли кои нема да се вклопат во и онака погрешниот избор на облека, ниту за милион години.


И како тоа да не било доволно, Мараја на себе ставила и повеќе од нападен накит и очила кои целосно „залутале“ во оваа модна приказна.

Ако се прашувате каде тргнала вака пејачката, одговорот е на промоција на новиот филм на комичарот Бил Ајхнер. Се надеваме дека филмот е добар, а комедија, поради крајно специфичниот моден избор на Мараја, сигурно не недостасувало.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk