На 18 години била бездомничка, бидејќи мајка ѝ не сакала да ѝ помогне: Денес е една од најубавите и најуспешни жени на светот!

Кармин

14/06/2022

21:57

18.459

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите и најпопуларни холивудски актерки денес ужива во богатство и луксуз, а речиси е непознато дека животот во младоста не ја галел и дека одреден период живеела како бездомничка.

Имено, Хали Бери имала 18 години кога се преселила во Њујорк, а после доаѓањето од Чикаго во еден од најубавите градови, после кратко време останала без пари.


За да се снајде и да се обиде да си го исполни сонот, ѝ се јавила на мајка си и ја замолила за помош, но таа одбила и тогаш започнал еден од најголемите кошмари за славната актерка.


Одреден период морала да живее во засолниште како бездомник, но во ниеден момент, како што раскажала, на својата мајка не ѝ се налутила што не ѝ помогнала во најтешкиот период, туку вели дека многу ѝ е благодарна поради тој потег.


„Кога не сакаше да ми испрати пари, не зборувавме една година. Сепак, сега мислам дека тоа е една од најдобрите работи што ги направила за мене“, рекла Хали, која тогаш почнала да работи како келнерка, но многу брзо влегла во филмската индустрија и животот целосно ѝ се променил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk