Сите погледи биле вперени кон неа: Руската манекенка се појавила во Кан во скандалозен фустан кој откривал многу

Кармин

27/05/2022

23:16

14.480

Големина на фонт

а а а

Завчера во Кан беше одржана „Елвис“ забава на која присуствувале многу славни лица, а помеѓу нив најголемо внимание привлекла манекенката од Русија, Наташа Поли.

Всушност, кога ќе видите што носела на себе, воопшто нема да ве зачуди фактот дека сите погледи биле свртени само кон неа.


Славната Русинка се појавила на настанот во огненоцрвен долг фустан кој бил прекриен со светкави детали во иста боја, кој на прв поглед не изгледа воопшто спектакуларно или поинакво од другите фустани кои познатите жени ги прошетаа овие денови низ Кан.

Меѓутоа, кога манекенката се свртела, имала што да покаже. Фустанот, како од страна, така и позади бил прилично отворен, иако Наташа носела и црн блејзер кој освен за позирање, немал друга функција.


Таа ја надополнила креацијата со црни салонки со висока потпетица, залижана коса и дискретна шминка.


Наташа Поли е инаку една од најуспешните руски манекенки, а се проценува дека е „тешка“ околу 14 милиони долари. Богатството го стекнала преку професионалната кариера на манекенка, но и преку социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk