Полека, но сигурно влегуваме во финишот на Канскиот филмски фестивал.
Еден од најважните и најгламурозни филмски настани трае уште само неколку дена, односно до 28-ми мај, а на црвениот тепих веќе продефилираа бројни холивудски и европски ѕвезди, манекенки, модели, инфлуенсерки...
Вчеравечер на премиерата на филмот „The Innocent“ имавме прилика повторно да видиме раскошни, луксузни креации, а особено нѝ се допадна изданието на манекенката Џорџија Фаулер која блескала во класичен, но сексапилен црн фустан.
Нејзината колешка Наташа Поли воодушеви во бел, романтичен фустан од плисе, а и Бела Хадид ги привлекла сите погледи на присутните.
Погледнете ги останатите изданија на славните дами: