Теоретичарите на заговор ги дочекаа своите пет минути, откако беше објавена фотографија од површината на Марс, која прикажува „премин“ во правилен облик во карпите.
Сцената ја забележа „Curiosity“, а на социјалните мрежи се појавија многу коментари и разни заклучоци. Не помина многу време, а научниците се огласија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: (Фото) Роверот „Curiosity“ забележал необична сцена на Марс која предизвика полемики на социјалните мрежи – се чека одговор од NASA
„Ова е интересна сцена, но изгледа како природна ерозија“, смета британскиот геолог Нил Хоџстон.
Повеќе детали укажуваат на тоа дека не станува збор за вештачки направен „премин“, меѓу кои и неговата висина, не поголема од еден метар.
„Или пак Марсовците се многу ниски“, се пошегувал геологот Николас Манголд од Универзитетот Нант.
New image from Mars taken by the Curiosity Rover. Highly interesting cut rock formation 🧐 pic.twitter.com/yrEODKNV5J
— 🪄PICTUREPLANE🌙 (@pictureplane) May 11, 2022
Експертите веруваат дека „Curiosity“ снимил плитко вдлабнување кое настанало со нормални геолошки процеси, пренесува „Live Science“.
Николас Манголд ги проучува податоците кои од Црвената планета ги испраќа роверот „Curiosiity“, како и „Perseverance“ и ја поддржува тезата дека станува збор за обична карпеста структура.
„Ги гледаме фрактурите во две насоки кои создаваат впечаток на премин, но ништо вештачки не е направено“, вели тој.
И геологот Анџело Роси од Универзитетот Јакобс во Бремен ги потврдил зборовите од својот колега.
„Ова навистина е прекрасна формација. Вакви примери има и на нашата планета“, вели научникот кој ги проучува фотографиите од софистицираните ровери на NASA.