Ќерката на Џони Деп на мета на неговите фанови: „Го објавуваш твоето с*ање, а никаде го нема татко ти, срамота“

Кармин

18/05/2022

13:51

17.764

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Џони Деп, Лил Роуз, е цел на напад на корисниците на социјалните мрежи, поради што многумина ја сметаат за најголема колатерална штета во судскиот спор меѓу нејзиниот татко и Амбер Херд.

Имено, Лил Роуз била нападната на социјалните мрежи од бројни фанови на Деп и ја прозвале поради 'недостаток на јавна поддршка' за нејзиниот татко за време на судењето.

„Не видов ниедна твоја фотографија со татко ти. ЗОШТО?“, „Го објавуваш твоето с*ање, а никаде го нема татко ти, срамота“, „Како тоа не си се обратила за случајот со татко ти?“, „Зошто никогаш не објавуваш нешто за татко ти?“, „Те молам, поддржи го татко ти. Без оглед на твојот однос со него, знаеш дека Амбер не е жртва“, се дел од коментарите.

Една Инстаграм корисничка отишла толку далеку, што во една подолга порака ѝ 'објаснила' на Лил дека е клучно на суд да сведочи во корист на нејзиниот татко.

„Верувала или не, сведочењето на детето ќе има огромно влијание“, напишала таа.

Но, не требало да помине многу време за да се појават и теории на заговор, кои велат дека тоа се всушност фанови на Амбер Херд, кои глумат фанови на Деп, за да ја оцрнат целата група фанови на Џони Деп. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk