(Видео) Претставничката на Шпанија се бакнуваше со девојка за време на прогласувањето на победникот на Евровизија

Точка

16/05/2022

23:46

13.133

Големина на фонт

а а а

Шпанската претставничка Шанел Тереро го освои третото место на овогодишниот Избор за песна на Евровизија, а за време на проглаасувањето ја изненади публиката со бакнеж со својата девојка.

Шанел ја совладале емоции после големиот успех, а додека жирито го прогласувало победникот, таа го прославувала освоеното трето место. Додека плачела од среќа, ја прегрнувала, а потоа и ја бакнала својата девојка.

Снимката од нивниот бакнеж е објавена на Твитер, со коментар дека Шпанија веќе победила.

На овогодишната шпанска претставничка на Евросонг, родена Кубанка, иако обложувалниците ѝ прогнозирале шесто место, Шанел во Торино се избори за третата позиција.

На многумина им се допаднал настапот на шпанската пејачка, но сепак не можела да помине без критики кои најмногу биле упатени на сметка на нејзиниот танц. Некои сметаат дека сето тоа било премногу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг