Ѓоковиќ одбил да ѝ плати 220.000 евра, водела битка со стерилитет, започнала да настапува на само 8 години: Лаура Паузини блеска во улога на водителка на Евровизија

Точка

12/05/2022

23:40

15.042

Големина на фонт

а а а

Лаура Паузини е голема италијанска ѕвезда која ја гледаме во улога на водителка на овогодишната Евровизија, заедно со Алесандро Кателан и пејачот Мика.

Во текот на првата полуфинална вечер, Паузини привлече големо внимание, пред сè со своите модни комбинации. Но, која е Лаура Паузини?

Лаура е голема музичка ѕвезда во Италија – снима песни на италијански, шпански, португалски, англиски и француски јазик, а зад неа стојат историски успеси.

Музички почетоци на 8-годишна возраст

Паузини е родена во Фаенза, гратче на северот на Италија, а пораснала во градот Солароло каде со нејзиниот татко, пејачот Фабрицио, започнала да настапува уште на 8-годишна возраст во пијано бар.

Кога наполнила 12 години, ја издала првата песна „I Sogni Di Laura“. Кариерата ја започнала на фестивалот Санремо со песната „La Solitudine“ во 1993 година.

Истата година го издала и својот прв албум кој едноставно го нарекла – „Laura Pausini“, а една година подоцна пристигнал и нејзиниот втор албум „Laura“ кој освен во Италија, доживеал и голем успех во Франција.

Добитничка на големи музички награди

Првиот албум на англиски јазик, „From The Inside“, Лаура го издаде во 2002 година, а песната „Surrender“ го освои првото место на топ листата на „Billboard“. Во текот на кариерата Паузини доби две Светски музички награди, во 1994 и 2003 година за најдобар италијански изведувач, Платинеста награда за најпродавана изведувачка во Европа, латинска Греми награда за најдобар вокал на поп албум во 2005 година и Греми награда за најдобар поп албум. Со тоа, Паузини стана првата пејачка од Италија која ја освои престижната Греми награда.


Еден од најголемите фанови – Новак Ѓоковиќ

Голем обожавател на Паузини е и најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, кој сакал таа да пее на венчавката со Јелена Ѓоковиќ во 2014 година, но Лаура наводно барала 220.000 евра за настап, па Новак се откажал од ангажманот.

Пред сопругот, Паузини имала две сериозни врски. Од 1993 до 2001 година беше во врска со актерот Алфредо Черути, а потоа 2 години со Габриелe Паризи.

Од 2005 година, пејачката е во љубовна врска со својот гитарист и уметнички продуцент, Паоло Карта со кој ја има ќерката Паола.

Раѓањето на наследничката во 2013 година е еден од најважните моменти во животот на Паузини бидејќи таа никогаш не ја криеше својата тешка борба со стерилитетот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг