Фејсбук укинува одредени функции – еве што ќе ни биде оневозможено

Точка

10/05/2022

16:04

31.933

Големина на фонт

а а а

Споменатата апликација и сервис на 31 мај ќе ја оневозможи следната функција.

Социјалната мрежа планира да ја оневозможи функцијата „Nearby Friends“, но сепак не е објавена конкретната причина за ваквиот потег.

Покрај тоа, автоматски ќе бидат оневозможени податоците за локации кои се собрани од страна на корисникот.

„Nearby Friends“ е функција која на Фејсбук е додадена во 2014 година, а имплементирана е за да се создаде подобра поврзаност меѓу пријателите.

Функцијата е достапна за „Android“ и „IOS“ платформите, кои веќе имаат можност за следење по пат на GPS.


Од 1 јуни ќе стане недостапно и предупредувањето за времето, историјата на локација и историјата во позадина. Поради тоа што Фејсбук не ги спомнува плановите за враќање на споменатите функции, се верува дека истите ќе бидат трајно отстранети.

Споменатата апликација и сервис од 31 мај ќе престане во позадина да ги собира и податоците за локации, а корисниците од своја страна нема да мора да прават ништо.

Фејсбук сето тоа автоматски ќе го оневозможи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг