Рецептот кој ги разбесни Италијанците – неварени шпагети печени во рерна: „Ова е сквернавење на традицијата“

Точка

20/04/2022

16:08

23.448

Големина на фонт

а а а

Едноставен рецепт кој воодушеви многумина, додека пак Италијанците ова видео го окарактеризирале како сквернавење на традицијата.

Доколку за Италијанците нешто е свето, тогаш тоа секако дека се пицата и пастата. Знаете и самите какви се реакциите на Италијанците кога ќе слушнат дека во другите народи тие се јадат со кечап или мајонез.

Овој рецепт којшто бил споделен на Фејсбук предизвикал мноштво реакции и тоа не баш позитивни.

Рецептот изгледа едноставен и вкусен, но еден детаљ од самиот почеток разбеснил многу од Италијанците и познавачите на оваа кујна.

Видеото започнува со ставање на неварени шпагети во огноотпорен сад, потоа се додава многу исечкан кромид. Потоа се додаваат пасирани домати, сол, бибер, оригано и многу зовриена вода.

Сето тоа се пече на 180 степени Целзиусови околу 30 минути.

На крај шпагетите се вадат од рерна и над нив се додава моцарела, пармезан, уште малку оригано и повторно се печат во рерна околу 10 минути.

Многумина биле воодушевени од овој рецепт кој е брз и лесно се прави, а изгледа и превкусно, особено кога на крајот ќе се стопи сирењето.

Меѓутоа, на Италијанците недопустливо им е неварените шпагети веднаш да ги стават во рерна.

Што мислите вие?