(Видео) Татко во солзи се разделува од својата ќерка: Поради оваа сцена никој не сака војна!

Кармин

25/02/2022

10:49

9.967

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи од вчера се споделува потресно видео од Твитер, направено во Украина.

Авторот е непознат, но лицето што го направило видеото, наводно присуствувало кога мажите се опростувале од своите семејства кои заминувале во безбедна зона, додека тие останувале да ја бранат земјата.

Емотивниот момент кога неименуван Украинец мора да се одвои од ќерка си, која со својата мајка заминува со автобус на безбедно - никого не остава рамнодушен.

Мажот кој останува да ја брани земјата не можел да ги запре солзите додека ја прегрнувал ќерка си и ѝ ја местел капата, а плачело и девојчето додека се разделувало од својот татко.

Видеото постојано се споделува на социјалнте мрежи, а го објави и „Independent“. Сцената од разделувањето на семејство од Украина, како што пишуваат корисниците на социјалните мрежи - е најтешкото нешто што може да му се случи на човек, па во коментари се повикува на крај на воените акции.

Исто така, се споделува уште една снимка која наводно настанала во истата прилика, во која татко се опростува од својата ќерка која седи во автобус, а се поздравуваат така што на прозорецот од автобусот еден на друг си цртаат срце.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk