Дино Раѓа застана во одбрана на Грашо: „Зошто ја жалите Данијела? Па таа си замина од него“

Кармин

21/02/2022

22:47

16.031

Големина на фонт

а а а

За хрватската венчавка помеѓу Хана Хуљиќ и Петар Грашо, не престанува да се зборува.

Многу корисници на социјалните мрежи ги пофалија младенците и им посакаа среќа, но имало и такви кои пишувале дека им е жал за пејачката Данијела Мартиновиќ, со која Грашо беше 24 години.

„Најмногу ми е жал за кутрата Данијела“, напишала една следбеничка под фотографијата на која Грашо и Хана позираат со легендарниот кошаркар Дино Раѓа и неговата сопруга Викторија.

„А зошто? Таа си замина од него“, напишал Раѓа, кој инаку бил еден од трите кумови на Грашо на венчавката.

„Ти и Вики сте ми стопати подобар пар“, гласи уште еден од коментарите на кои Раѓа одлучил да одговори.

„Супер пар се“, порачал Дино.


За потсетување, хрватските портали открија дека Данијела за време на венчавката на својот поранешен партнер, која се одржувала во Сплит, исто така била на венчавка, но во Загреб, каде што ги забавувала гостите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk