Најубавата плус сајз манекенка објави интимна фотографија од своите близнаци, а ги откри и нивните необични имиња

Кармин

11/02/2022

22:10

17.991

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните плус сајз модели на светот, Ешли Греам, на почетокот на јануари донесе близнаци на свет, а убавата 34-годишна манекенка сега ја сподели и првата фотографија од нив.

Ешли објавила интимна фотографија на која седи на кауч, го дои едното бебе и го држи другото во прегратки.

Манекенката ги открила и имињата на своите синови - Роман и Малакај.

„Моите момци беа најдобрите учители и најголемите потсетници дека можам да правам тешки работи. Ова не беше лесно, но вредеше. Сè уште не можам да поверувам дека имам 3 деца. Едвај чекам наскоро да го споделам своето искуство пред и по породувањето со сите вас“, напишала Греам во описот на фотографијата.

Емотивната објава доби милион лајкови во рекорден рок, а има и илјадници прекрасни коментари. Помеѓу нив се огласи и нејзиниот сопруг и татко на близнаците, Џастин Ервин.


„Нема зборови со кои можам да опишам колку сум горд“, напишал тој.

За потсетување, Џастин и Ешли го имаат и 2-годишниот син Ајзак.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk