Гори фабриката "Жито Битола"

Точка

23/01/2022

18:31

5.071

Големина на фонт

а а а

Во фабриката за брашно "Жито Битола" попладнево изби голем пожар, кој во моментов го гаснат две противпожарни возила и седум пожарникари.

Засега не се знае причината за пожарот, а командирот на Противпожарната служба во Битола изјави дека нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.

Пожарот е многу силен, а веќе е зафатена и кровната конструкција. Полицијата го обезбедува местото и им укажува на луѓето кои сведочат да се тргнат на безбедна далечина, пишува "Телма".

Live nga Manastiri, zjarr i madh në fabrikën për prodhimin e bukës! Zjarrfikësit në vendngjarje – nuk ka informacione për të lënduar. TV21 raporton drejtpërdrejt nga Manastiri!


👉https://bit.ly/3IzeCQL


Во живо од Битола, голем пожар во фабрика за производство на леб! На терен се противпожарни единици - нема информации за повредени. ТВ21 известува директно од Битола


👉https://bit.ly/33M8mGl

Posted by TV21 on Sunday, 23 January 2022

Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели печива.




Спонзорирани линкови

Маркетинг