Во Словенија дури 75 отсто од тестираните се позитивни на ковид

Макфакс

23/01/2022

13:43

9.216

Големина на фонт

а а а

Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 13.911 случаи на коронавирус, а дури 75,5 отсто од тестовите биле позитивни.

Дополнително, направени се над 73.000 брзи антигенски тестови, чиј резултат се’ уште не е објавен, бидејќи позитивните резултати последователно треба да се потврдат со ПЦР тестирање.

Владата поради тешката епидемиолошка состојба не размислува за олеснување на мерките.

„И покрај зголемувањето на бројот на заразени, бројот на хоспитализирани е стабилен, но со толку големо присуство на вирусот кај населението, очекуваме притисок врз одделенијата за интензивна нега“, изјави Матеја Логар – инфектолог од владината стручна група за ковид.

Во земјата има 101.906 активни случаи на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Во болниците во моментов се примени 608 пациенти, од кои 135 се на интензивна нега. Во изминатите 24 часа починаа 17 лица, со што бројот на починати како последица на коронавирусот се искачи на 5.768 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг