Загинал Французинот кој сакал да го превесла Атлантскиот океан - Неговата последна порака: „Бидете сигурни, не сум во опасност“

Точка

23/01/2022

13:31

6.386

Големина на фонт

а а а

Жан Жак Савин, 75-годишен Французин кој се обидел да го превесла Атлантскиот океан, е пронајден мртов, соопштил денеска неговиот тим за поддршка.

Португалската крајбрежна стража го пронашла превртениот чамец на Французинот кај Азорските острови, пренесува британски "Guardian".

Како што навел неговиот тим, нуркачите почнале да го бараат кога виделе дека два пати активирал С.О.С сигнал, но безживотното тело на поранешниот падобранец било пронајдено во кабината на пловилото.


Поранешниот падобранец, кој минатата недела го прославил својот 75 роденден на море со шампањ, на 1-ви јануари тргнал од Сагреса во јужна Португалија, со цел самостојно да мине преку океанот.

Во средата на Фејсбук напишал дека дуваат силни ветрови кои му го продолжиле патувањето за 900 километри, но додал дека се е во ред.

„Бидете сигурни, не сум во опасност“, напишал Савин.

Bonjour à tous,

Je fête aujourd'hui mes 75 ans en mer.🎉

Comme la plupart d'entre vous le save, je suis en train de...

Posted by Jean-Jacques Savin on Friday, 14 January 2022

Авантуристот Жан Жак Савин во 2019-та година го минал океанот во голема капсула која личи на буре, а патувањето траело 122 дена.

Савин повторно се надевал дека ќе пристигне до Карибите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг