Шестото масовно изумирање започна? Студија ги обвини луѓето за исчезнување на 260.000 видови, а Маск вели дека 100% ќе исчезнеме од лицето на Земјата

Точка

20/01/2022

11:10

40.904

Големина на фонт

а а а

Земјата веќе искуси пет масовни изумирања предизвикани од природни феномени, но новата студија сега го наведува шестото кое е во тек и дека за тоа се виновни луѓето.

Истражување од Универзитет во Хаваи покажало дека нашата планета изгубила меѓу 150.000 и 260.000 (7,5 до 13 отсто) од два милиони познати видови од 1500-та година наваму.

Иако некои одбиваат да ги прифатат тие бројки, милијардерот Илон Маск е еден од оние кои веруваат дека порастот на бројот на изумрени видови е неизбежен.

Маск преку Твитер ја прокоментирал студијата, наведувајќи: „Постојат 100 отсто поголеми шанси сите видови да изумрат поради експанзија на сонцето“.

Технолошкиот тајкун истовремено понудил и решение - човештвото мора да почне да живее и на други планети.

Твитот на Маск, потсетува „Дејли Мејл“, е одраз на изјавите кои Маск ги дал за „Тајм“ во декември 2021 година:

„Тоа што следно треба да го направиме е да изградиме самоодржлив град на Марс и таму да ги префрлиме сите животни и суштества од Земјата“, изјавил тој.

„Би било тоа некој вид на футуристичка Ноева арка. Ќе испратиме повеќе од двајца (од секој вид)“, додал Маск.

Иако научниците ја отфрлиле идејата на Маск како смешна, студијата од хавајскиот Универзитет покажала дека основачот на „Спејс Икс“ можеби е во право.


Тимот на научници на чело со Роберт Кауви од Универзитетот забележал дека на црвената листа на загрозени видови се наоѓаат птиците и цицачите, но не и без'рбетниците чиј број драматично паднал.

Меѓународното здружение на чувари на природата ја составило црвената листа, а наведуваат дека човековата активност довела до изумирање на 869 видови во последните 500 години.

„Доколку во овие процени се вклучат и реалниот број на изумрени без'рбетници, тоа доведува до заклучок дека бројот на исчезнати видови е многу поголем и дека можеби навистина сме сведоци на шестото масовно изумирање“, се наведува во студијата, објавил магазинот „Biological Review“.

Во студијата се наведува дека црвената листа ја избегнува т.н. „Ромео грешка“, неприфаќање на декларацијата и претпоставката за изумирање и не вклучувајќи ги сите изумрени видови, така што се намалува реалниот број на оние кои исчезнале од лицето на Земјата.

Кауви изјавил дека вклучувањето на без'рбетниците на нивната листа би било клуч на „потврдување дека навистина сме сведоци на почетокот на шестото масовно изумирање во историјата на Земјата“.


Во студијата се наведува и дека некои луѓе не прифаќаат дека шестото изумирање започнало, а дека постојат и такви кои тоа го гледаат како нов и природен еволутивен пат каде луѓето се само уште еден вид кои ја играат својата „природна“ улога во историјата на Земјата.

Постојат и оние кои веруваат дека биодиверзитетот треба да се промени така што ќе се користи исклучиво човештвото.

„Луѓето се единствениот способен вид кои можат да изманипулираат со биосферата на големо ниво“, изјавил Кауви.

„Ние не сме само уште еден вид кој еволуирал соочен со екстремните влијанија. Напротив, ние сме уште еден вид кој може да направи сопствен избор за нашата иднина и за иднината на Земјиниот биодиверзитет“, додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг