Група научници предупредува: „Опасни астероиди можат да останат неоткриени – системот за надзор има голема грешка“

Точка

17/01/2022

14:00

28.973

Големина на фонт

а а а

Некои астероиди можат да се приближат до Земјата целосно незабележани без оглед на системот на NASA за следење на опасните вселенски објекти, тврди група научници кои ги финансира NASA.

NASA следи и каталогизира поголем дел од потенцијално опасните астероиди, односно објекти кои можат да се приближат на помалку од 45 милиони километри до Земјината орбита.


Меѓутоа, кога астероид со размер од 100 метри, познат како 2019 ОК „шпионски“ се приближил до Земјата, а откриен бил 24 часа пред да пријде на оддалеченост од само 70.000 километри (што е шест пати помалку од Месечината), научниците се запрашале како е тоа можно.

Група научници дошле до одговор, тврдејќи дека системот за надзор кој се состои од повеќе компјутеризирани телескопи, има „мртов агол“ на источниот дел од небото во текот на ноќта, се наведува во студијата објавена во научното списание „Ikarus“. Поради аномалијата во Земјината елиптична орбита околу Сонцето и планетарната ротација кон истокот, некои објекти во вселената можат да изгледаат како стационирани кога се набљудуваат низ телескопот.

Вообичаените објекти кои се блиску до Земјата се гледаат како се движат кон запад, но речиси половина од нив кои се приближуваат од исток може да дојдат до тој „мртов агол“, па мора посебно да се набљудуваат.


„Истражувачите треба да обрнат посебно внимание во текот на набљудувањето на тој дел од небото и агресивно да ги следат новите објекти кои бавно се движат“, се наведува во студијата.

Исто така се препорачува и системот од телескопот да биде унапреден за да се избегне негативен ефект.




Спонзорирани линкови

Маркетинг