Оваа група на луѓе е „отпорна на коронавирусот“: Научниците утврдија зошто поединци природно подобро се борат со вирусот

Точка

17/01/2022

20:48

43.982

Големина на фонт

а а а

Научниците од Шведска утврдија дека станува збор за ген кој му „кажува“ на телото да создаде протеин којшто е ефикасен во разорувањето на вирусните честички на Ковид-19.

Кај една третина од луѓето во Европа, утврдено било дека телото полесно ќе се избори со инфекцијата на коронавирусот.

За генот којшто ја намалува тежината на болеста како последица на коронавирусот, научниците велат дека ќе помогне во правење на нови лекови за третирање на заболените од вирусот кој ја држи планетата во своите канџи веќе две години.


Научниците од Шведска утврдија дека станува збор за ген кој му „кажува“ на телото да создаде протеин ефикасен во разорувањето на вирусните честички на коронавирусот, пренесуваат медиумите.

Протеинот OAS-1 варира во должина, а кога е подолг успева подобро да ги разори честичките од вирусот. Генот кој ја одредува неговата должина пронајден е во различни проценти кај луѓето со различно потекло.

Истражувачите од Институтот во Шведска наведуваат дека овој ген, кој за 20 отсто ја намалува тежината на клиничката слика, го имаат осум од десет луѓе со африканско потекло, а еден од тројца луѓе со европско потекло.


„Разбирањето на начинот на кој генетските ризик фактори влијаат на болеста ќе биде клучно за откривање и произведување на нови лекови“, изјавил д-р Брент Ричарс од Универзитетот Мекфли, еден од коавторите на студијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг