Уживаат и не им е грижа за погледите: Папарацо фотографии од поранешниот сопруг на Моника Белучи и неговата 30 години помлада сопруга

Кармин

11/01/2022

18:11

16.062

Големина на фонт

а а а

Славниот актер Винсент Касел и после бракот со жената за која многумина сметаат дека е најубава во светот, се венчаше со 30 години помладата манекенка за која малку знаеме, но она што е сигурно е дека каде и да се појави мами воздишки.

Топлите и суви плажи на Рио де Жанеиро се секако поубави од мрачните и студени облаци над Европа. Атрактивната манекенка Тина Кунаки (24) одморот го поминува во Бразил заедно со својот сопруг, францускиот актер Винсент Касел (55).


Актерот започнал врска со Тина по разводот со Моника Белучи, а заедно ја имаат ќерката Амазони, родена во 2019-та година.


Покрај пливањето во море и опуштањето на песокот, парот разменил и неколку страсни бакнежи и прегратки. Тина била облечена во тесно бело бикини, додека Винсент носел облечен во жолт костим за капење.


Интересно е што Тина, како и Моника, има италијански корени, а потекнува од африканската земја Того од татко Мароканец и мајка од Сицилија. Со Винсан во Бразил, каде често може да се забележи на плажа, а Тина обично и го краде целото внимание.

Тина тврди дека немала поим кој е Винсент кога се запознале, а колку е популарен сфатила дури кога папараците почнале да ги следат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk