"Sony" не се откажува од автомобилите, го претставил првиот електричен SUV

Точка

05/01/2022

16:30

51.902

Големина на фонт

а а а

По лимузината на струја од 2020-та година, јапонскиот технолошки гигант прикажал уште еден електричен автомобил.

"Sony" е компанија која би очекувале да ја видите на саемот за потрошувачка електроника "CES 2022" во Лас Вегас, но веројатно не со ваков производ.

Имено, јапонската компанија на посетителите на оваа манифестација им претставила електричен автомобил.

За читателите кои будно ја следат автомобилската индустрија тоа и не е големо изненадување, со оглед на тоа дека "Sony" својот прв автомобил го прикажал во 2020-та година. Тоа било електрична лимузина, а изборот сега паднал на SUV.

Станува збор за "Vision-S", SUV со три реда седишта и 7 места за патници. Возилото е со димензии 4,90/1,93/1,65 м, додека меѓуосовинското растојание е 3,03 метри.


"Vision-S" е поставен на тркала од 20 инчи и тежи 2.480 килограми.

Електричниот SUV доаѓа на погон на сите четири тркала благодарение на два електромотори, еден поставен на предната осовина, а вториот ги придвижува задните тркала.


Секој произведува по 272 коњски сили (200 kW). Перформансите засега не се откриени, но се очекува автомобилот да забрзува до 100 км/ч за околу 5 секунди, со оглед дека првиот концепт "Sony Vision-S 01" до "стотка" стигнува за 4,8 секунди.

Максималната брзина е 180 км/ч.

Откако "Vision-S 01" дебитирал на саемот "CES 2020", "Sony" неколку пати ги демантирал плановите за дефинитивно влегување во автомобилската индустрија.

Меѓутоа, според најновите информации, јапонскиот технолошки гигант оваа пролет ќе оформи нова компанија со име "Sony Mobility" преку која планира да ја истражи можноста за влез на пазарот со електрични возила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг