Денеска ви претставуваме листа од неколку детски изјави кои успеале да насмеат бројни корисници на социјалните мрежи.
Тие се само уште еден доказ дека децата се генијалци и дека разбираат многу подобро отколку што мислиме.
- „Кога мама му е лута на тато, не ѝ давај да ти ја чешла косата“.
- „Ако си добил лоша оценка на училиште, покажи ѝ ја на мама додека зборува на телефон“.
- „Мајка: Ах, цела куќа е хаос.
Син (4 години): Не грижи се, мамо. Секогаш е чиста наутро, само почекај до тогаш“.
- „Повеќе ја сакам сестрата на мајка ми отколку мојата. Сестрата на мајка ми ми е тетка, а мојата не ми е ништо“.
- „Полуостров е остров кој сè уште не е направен до крај“.
- „Баба е дебела затоа што е полна со љубов“.
- „Жителите на Сардинија се викаат Сардини“.
- „Кога се роди мојот брат, мораа да го стават во акумулатор“.
- „Не сум крстен, но затоа сум вакциниран“.
- „Не знам колку години имам, тоа постојано се менува“.
- „Аквариум е мало стаклено море во кое живеат домашни риби“.
- „Баба е жена која нема свои деца. Таа ги сака девојчињата и момчињата кои се деца на други луѓе. Дедо е исто така баба, само е човек. Тој оди на прошетка со момци кои не се млади, па разговараат за риболов и други нешта“.
- „Кравите не смеат брзо да трчаат за да не го истурат млекото“.