Најновата студија покажува дека луѓето со оваа крвна група изложени се на поголем ризик на зараза од Ковид-19

Точка

02/12/2021

16:00

19.424

Големина на фонт

а а а

Во текот на пандемијата на коронавирус, научниците внимателно го анализирале вирусот и дошле до низа откритија, а едно од нив се однесува и на поврзаноста на крвните групи и ризикот од зараза со коронавирус.

Објавени се неколку студии во кои се наведува дека луѓето со одредена крвна група се посклони кон заболување од Ковид-19.

Новата студија објавена во вторникот открива дека луѓето со крвна група А, Б и Rh+ се изложени на поголем ризик од зараза со коронавирус.


Од друга страна, луѓето кои имаат 0, АБ и Rh- крвна група имаат помал ризик од зараза.

„Тешкиот акутен синдром на коронавирус е нов вирус и сè уште не е целосно јасно дали крвните групи имаат некакво влијание на ризикот од зараза. Поради тоа ја истраживме поврзаноста на крвните групи и чувствителноста на Ковид, времето на закрепнување и морталитетот“, навел д-р Рашми Рана, консултант во Одделението за истражување.


Исто така истражувањето покажало дека лицата со крвна група A и Rh+ побавно закрепнуваат, додека пак оние со крвна група 0 и Rh- побрзо закрепнуваат од Ковид.

Коавтор на студијата, д-р Вивиек Ранјан, изјавил дека е потребно да се спроведат поголеми студии кои ќе ја потврдат врската меѓу одредени крвни групи и коронавирусот, пренесува „TImees of India“.

Оваа последна студија која била објавена во вторникот опфатила 2.586 лица кои биле позитивни на Ковид-19.




Спонзорирани линкови

Маркетинг