Откако е во врска со рокерот, нејзините модни избори се предмет на - исмејување! Кортни Кардашијан како бунтовна тинејџерка

Кармин

15/10/2021

19:31

7.572

Големина на фонт

а а а

Во периодот кога беше во брак со Скот Дисик, Кортни беше многу женствено и елегантно облечена, а сега на публиката ѝ е многу необична.

Ријалити ѕвездата и претприемачка, Кортни Кардашијан, не престанува да ја интригира јавноста со своите необични модни избори и однесување, откако се забавува со контроверзниот рокер, Травис Баркер.


Папараците често ја фотографираат во креации кои ги носат бунтовните тинејџерки, а модните критичари се многу разочарани од нејзиниот изглед во 5-та деценија од животот, но на овие трансформации има влијание токму нејзиниот избраник.


Минатата вечер Кортни и Травис излегле на романтична вечера во познат ресторан во Њујорк, а светската ѕвезда избрала целосно црн стајлинг, кој се состоел од памучен кроп топ, црно здолниште со чипка, длабоки, кожни чизми и многу популарна црна маичка која ги открива градите.


Травис сепак бил посуптилно облечен иако неговата професија дозволува и интригантни модни комбинации.

Да потсетиме, Кардашијанката со години беше во брак со Скот Диск, со кој има три деца, Пенелопи (8), Мејсон (11) и Рејн (6), а нивниот семеен живот постојано беше пред очите на јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk