Совршен стајлинг на мајка и ќерка: Принцезите од Монако заблескале во црно од глава до пети

Кармин

15/10/2021

16:31

5.422

Големина на фонт

а а а

Елеганцијата и едноставноста која долга низа години со своите модни избори ја нагласува ќерката на холивудската дива Грејс Кели, се одразила и на нејзината 35-годишна ќерка Шарлот Казираги. Двете тоа го потврдиле со своите двечени изданија во оперската куќа „Монте Карло“.

Принцезата Каролина од Монако и нејзината наследничка Шарлот Казираги заблескале на традиционалното доделување на наградите на здружението „Prince Pierre“, а како да се договориле, на настанот се појавиле во речиси идентични изданија во знакот на светкавите црни фустани.


Како нова амбасадорка на модната куќа „Шанел“, Шарлот редовно се појавува во креации со потпис на францускиот бренд, што и овојпат било случај. Светкавиот црн фустан со копчиња и нагласените рамена, Шарлот го носела со ремен со истакнатиот логотип на „Шанел“ и големиот овосезонски хит - чевли на платформа.


Токму како и нејзината ќерка, и принцезата Каролина се одлучила за црн фустан со блескав цветен дезен. За да го направи своето издание повпечатливо, носела ѓердан со ефектен приврзок како и црни сандали со перја.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk