За Меган и Хари зборува цел свет, а малкумина знаат дека тие не се викаат така - ова се вистинските имиња на принцот и војвотката од Сасекс

Кармин

12/10/2021

16:40

6.221

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари и Меган Маркл веќе со години ги полнат насловните страници ширум светот и иако многумина мислат дека знаат сè за познатиот пар, тоа баш и не е вистина.

Војвотката и војводата од Сасекс се тема во сите светски медиуми, но малкумина знаат дека тие не ги користат своите вистински имиња.


Имено, принцот Хари е роден како Хенри Чарлс Алберт Дејвид, имињата му ги избрала нејзината покојна мајка, принцезата Дајана. Но, со оглед на тоа дека 'Хари' е чест надимак за името Хенри, тој од мал е познат како принц Хари.


Единствено во официјалните документи уште се користи неговото вистинско име, додека за останатиот свет е Хари.

Меган е уште една во низата на познати личности кои одлучиле своето второ име да го користат како прво. Актерката се вика Рејчел Меган Маркл, а поради кариерата го отфрлила првото име и го скратила на „Меган Маркл“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk