По тешката животна борба во која двапати го победи ракот на дојка, „малата дама со голем глас“ блеска во полн сјај

Кармин

17/09/2021

13:18

8.443

Големина на фонт

а а а

Пејачката со неверојатен глас, Анастасија, е родена на 17-ти септември 1968 година во Чикаго. Уметницата двапати го победи ракот, а денес го прославува 53-от роденден.

Кариерата ја започнала како танчарка во 1983 година, а вистинската слава ја стекна по настапите во „MTV“ формат кој се емитуваше во периодот од 1985 до 1992 година.

Музичката кариера ја започна како придружен вокал во 1990 година, во 1993 година го сними првиот дует со американскиот диџеј Дејвид Моралес. Истата година, Анастасија се пресели во Лос Анџелес и ја објави песната „One More Chance“. Од 1997 до 1999 година беше членка на бендот „The Kraze“, а нејзиниот деби албум „Not That Kind“ е објавен во 1999 година.


Албумот постигна голем успех на сите листи, а нејзиниот прв сингл „I'm Outta Love“ стана глобален хит во 1999 година. Поради нискиот раст (157 цм), Анастасија го доби прекарот „Мала дама со голем глас“, а критичарите, медиумите и фановите ја сметаат за кралица на поп-соул музиката.

Од музичката сцена се повлече на врвот на кариерата во 2003 година, кога ѝ беше дијагностициран рак на дојка. По 3 години борба, пејачката ја победи опасната болест, но кон почетокот на 2013 година беше принудена да ја откаже европската турнеја бидејќи болеста ѝ се врати.


Втората борба траеше пократко и Анастасија повторно го победи канцерот. Од страв дека би можел и по трет пат да се врати, пејачката се одлучи на храбар потег - ги отстрани двете дојки.

Иако ѝ се врати на музиката, таа ретко се појавува во јавноста. Очилата, нејзиниот заштитен знак, во целост ги отфрли по операцијата во 2005 година, а енергичната музичка дива се претвори во нежна русокоса.

Анастасија повеќе не потсетува на онаа музичка ѕвезда која носеше кожни панталони, кратки маички и преку песни ги бодреше жените по љубовните крахови, но денес изгледа попрекрасно од некогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk