Се продава фустанот на Ејми Вајнхаус од концертот во Белград: Цифрата е огромна, а откриено е и каде ќе завршат парите

Кармин

16/09/2021

16:25

6.631

Големина на фонт

а а а

Фустанот кој пејачката Ејми Вајнхаус го носела на настапот во Белград ќе биде продаден на аукција, пренесуваат странските медиуми.

Покојната Ејми споменатиот фустан го носела на својот последен концерт во животот во Белград, каде се појавила на сцена во видно алкохолизирана состојба.


Вајнхаус починала еден месец подоцна, на 27-годишна возраст, како последица од труење со алкохол.


Се очекува овој мини фустан да достигне цена од 14.500 фунти.


Инаку, целиот приход од продажбата на нејзините лични работи, ќе биде дониран во фондацијата која ја основале нејзините родители, во знак на сеќавање на нивната прерано замината ќерка, со цел да им помогнат на младите кои се борат со зависност, пренесува „The Sun“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk