10 кул комбинации со тексас јакна

Fashionel.mk

16/09/2021

10:48

10.672

Големина на фонт

а а а

Септември е месец кога ви е потребно се' - од сандали и маици до јакни и чизми. Времето е променливо, утрата и вечерите се свежи, денот знае да биде топол.

И токму поради тоа, тексас јакната е едно од задолжителните парчиња.

Ние најдовме 10 кул комбинации со ова безвременско парче облека, кои можат да ви послужат како идеја како да ја вклопите во секојдневниот стил.

Макси фустан во комбинација со тексас јакна е комбинација со која никогаш не можете да згрешите. Можете да ја носите вака како на фотографијата, ако е тоа блиску до вашиот моден сензибилитет, или пак можете да си ја носите на класичен начин. Сеедно, одлично одат едно со друго, а во комбинација со патики ќе добиете стајлинг во кој ќе се чувствувате удобно. Прилагодено на преодниот период, а со модните додатоци ќе внесете личен моден печат.


Џинс, бела маица и тексас јакна - три парчиња што веројатно веќе ги имате во својот гардеробер, но можеби не ви дошло да ги споите заедно. Едноставна и позната комбинација, но ако додадете марама на вратот или ги подвртите ракавите на јакната ќе добиете сосема нов изглед.


Пример за слоевита комбинација. Цветно здолниште како дел од летниот гардеробер во комбинација со тенка плетена блуза или џемперче, а врз тоа додадена јакна од тексас. Изборот на обувки може да бидат чевли на потпетица, доколку сакате да изгледате поелегантно или поофицијално, но може да се одлучите и за рамни обувки или сандали, ако сакате полежерен изглед. Каков избор и да направите, нема да згрешите.


Плетен тесен фустан што ја следи линијата на телото и притоа е со миди должина е парче облека што секоја жена го посакува во својот гардеробер. Ако веќе го имате, но не сте сигурни како да го комбинирате, со тексас јакна нема да згрешите!


Црни панталони или фармерки, бела класична кошула и тексас јакна - проверена и добра комбинација за многу пригоди. Безвременска естетика која не дозволува да биде исклучена или потисната од актуелните трендови и затоа и треба да ја имате.


Комбинезон со принт, во лежерен крој, со широки ногавици во комбинација со кратка јакна од тексас, ќе ви пружи удобност при носењето, а притоа е и неверојатно тренди. Ако на тоа додадете чевли или чанта во некоја впечатлива боја, ќе имате полн моден погодок.


Панталони со принт/дезен во случајов карирани, се тренди парче кое одлично се комбинира со тексас јакна. Додадете маица (еднобојна ако не сакате премногу еклектични комбинации, или пак некоја со дезен ако преферирате токму таков изглед) и додајте модни додатоци кои се олицетворение на вашиот стил и ќе имате супер тренди комбинација.


Плисирано здолниште + долг блузон е одлична модна комбинација во која ќе се чувствувате удобно, а сепак ќе изгледате впечатливо. На тоа додадете тексас јакна - може да е и подолга, но и да немате таква, ќе изгледа ок. Со чизмички до глужд комбинацијата е идеална, но ако преферирате патики, можете да постигнете исто така супер street style ефект.


Уште една комбинација со здолниште, но овој пат се работи за сатенско односно свилено, едно од најактуелните веќе неколку сезони наназад. Во комбинација со ролка и јакна од џинс навистина претставува спој на лето и есен. Чизмите со принт внесуваат доза драматичност и впечатливост во изгледот, а вие ако немате такви, можете да ги смените со обувки во некоја интензивна боја.


Овошниот принт е повторно актуелен, па ако имате такво фустанче, можете да го комбинирате со тексас јакна. Ако немате сличен фустан, тогаш одберете некој ваш омилен, кој има впечатлив дезен. Оваа комбинација посебно интересна ја прави изборот на обувки - оксфордки со кратки чорапи, за уште поавтентичен изглед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг