Луѓето со оваа крвна група имаат „златна крв“ – на светот постојат само 43 лица

Точка

03/08/2021

23:54

18.717

Големина на фонт

а а а

Постојат четири основни типови крвни групи – А, Б, АБ и 0, а нивната зачестеност најмногу зависи од нашето потекло, односно генетиката поврзана со групата народи на која припаѓаме.

Четирите основни крвни групи се претвораат во осум ако се земе предвид присуството или отсуството на Rh-фактор. Rh-факторот може да биде позитивен и негативен, а го одредуваат протеините на површината на еритроцитите кои се специфични за секоја крвна група. Покрај тие протеини, постои уште еден вид протеини кој некои луѓе го имаат, а некои не.

За оние кои го имаат се вели дека се Rh-позитивни, додека оние кои го немаат се Rh-негативни. Повеќето луѓе се Rh-позитивни, односно се проценува дека само 15 отсто од популацијата е Rh-негативна.

Сепак, постојат буквално милиони варијации на крвни групи, а најретка меѓу нив е онаа која ја делат само околу 40 луѓе во светот, а е наречена „Rhnull“.


До 1961 година, кога за прв пат била дијагностицирана кај една Абориџинка, лекарите помислиле дека ембрионот со тој тип ќе умре во матката. Оваа најретка крвна група нема ниту еден од 50-те антигени од системот Резус, а го добила прекарот „златна“ затоа што е многу ретка.

Она што ја прави оваа крв посебна е тоа што е значително подобра како универзален дарител отколку крвната група 0 и е компатибилна со сите други ретки крвни групи, но за жал во светот има само 9 живи дарители.

Оваа крвна група се нарекува и „златна крв“, а оние кои ја имаат, од една страна се привилегирани затоа што можат да спасат сечиј живот, но доколку се во опасност, нив можат да им помогнат само 8 лица во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг