Џорџ Клуни на прагот на седмата деценија ќе стане татко? Амал повторно е бремена, а звучеле како повторно да чекаат близнаци

Кармин

30/07/2021

14:22

4.494

Големина на фонт

а а а

Џорџ Клуни (60) и Амал Клуни наводно повторно ќе станат родители, а како што наведува странски извор, звучеле како Амал повторно да носи близнаци, пренесува „OK!“.

„Амал го помина првото тромесечие, но стомакот веќе почна да се познава, така што оваа вест наскоро сите ќе дознаат“, им рекол изворот на новинарите.


Славниот пар има 4-годишни близнаци, а според пишувањата на магазинот, Џорџ и Амал наводно на пријателите им ја откриле оваа среќна вест.

Според „OK!“, среќната вест им била соопштена на прославата по повод 4-ти јули, а како што вели неименуванот извор 'звучело како повторно да чекаат близнаци'.

„Тоа е толку возбудливо. Џорџ зборуваше дека сака уште деца“, раскажал изворот и додал дека близнаците се воодушевени што пристигнува бебето.

„Ела молела да добие сестра, па сите се надеваат на едно девојче. Но, секако, ќе бидат среќни во секој случај, сè додека бебињата се здрави“.


Истата вест ја пренеле сите светски медиуми, а парот уште не се огласил.

Да потсетиме, Џорџ и Амал се венчале во 2014-та година во Венеција. Три години подоцна станале родители на близнаци.

Минатата недела, имотот на славниот пар во Италија бил уништен од поплави, па штетата на нивниот замок, вредна 12 милиони фунти, е голема.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk