Знаете ли за кого станува збор? Една од најпопуларните жени на светот луѓето тешко ја препознаваат на фотографиите

Кармин

30/07/2021

13:30

4.680

Големина на фонт

а а а

Популарната манекенка и сопруга на пејачот Џон Леџенд, Криси Тајген, секогаш е прекрасно стилизирана, но сега покажала како изгледа во природно издание.

Сопругата на славниот пејач Џон Леџенд и поранешна манекенка, Криси Тајген, се појавила во издание во кое е речиси непрепознатлива.

Таа била фотографирана во Санта Моника со своето куче Перл во рацете, а била насмеана и природна.


Криси не ја гледаме често без шминка, па коментарите само се нижеле.

Додека многумина ја пофалиле за храброста да се појави без шминка, на поголемиот дел од луѓето не им се допаднала разликата која е очигледна меѓу природниот и изгледот на Инстаграм.


Криси веќе доволно е озлогласена, па поради тоа негативните коментари не ја вознемируваат.

Многу од брендовите веќе со месеци наназад откажуваат соработка со неа поради тоа што беше нарекувана „насилничка“ и беше обвинувана за испраќање на вознемирувачки и навредливи пораки.


Манекенката минатата година го загуби бебето, а за траумата и својата болка пишуваше и самата таа на социјалната мрежа Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk